24/04/2024
Охрид

Возило повреди жена пешак од Куратица

На 22.04.2021 година во 13.10 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „опел вектра“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.Н.(57) од Охрид удрило во пешак И.К.(37), од охридското село Куратица.

Во незгодата И.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.