23/04/2024
Македонија

Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во неколку места во земјава

Сообраќајот на државнита патишта се одвива по влажни коловози на повисоките места во северозападните, западните и југозападните делови од државата.

Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Маврово, а со слаб интензитет во Крушево, Кичево, М. Брод, Делчево и на планинските превои Буково и Ѓавато, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.