20/04/2024
Охрид

Второ место за учениците од ОУ „Григор Прличев“ на „Жогарија-Лоптарија“

На големиот спортско – рекреативен настан „Жогарија-лоптарија“ кој што за првпат се одржува во нашиот град, а на меѓународно ниво овие настани имаат тринаесетгодишна традиција. Сто и шеесет ученици од осумте охридски основни училиште зедоа учество, а меѓу нив и учениците од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид. Учениците од ОУ „Григор Прличев“ се рангираа на II место под менторство на наставниците: Перо Георгиески, Фанче Наумоска и Даниела Тупанческа.

Самиот настан беше одлично организиран, беа одиграни голем број на фер –плеј натпревари. На настанот со музички точки настапија и нашите ученици, нивниот настап ја воодушеви публиката и натпреварувачите.