29/03/2024
Охрид

Второодделенци од ОУ „Братство-Единство“ дел од креативна работилница за деца по повод 8-ми Март

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ Охрид во соработка со Почесниот конзулат на Руската Федерација одржа креативна работилница за деца на ден 06.03.2018 година во читалната на библиотеката по повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.

На работилницата како претставник од Почесниот конзулат на Руската Федерација учествуваше г-ѓа Елена Обухова.

На оваа креативна работилница учествуваа учениците од II-5 и II-6 одделение заедно со нивните одделенски раководители Марија Голабоска и Нада Буџакоска од ОУ „Братство Единство“ од Охрид.