24/04/2024
Македонија

За пет години три милиони евра за патни трошоци на пратениците (инфографик)

Три милиони евра наплатиле пратениците за патни трошоци од 2015 до 2019 година, објави Државната комисија за спречување корупција. Годишната сума се намалила од 770.000 евра во 2015 на 390.000 евра лани, главно поради известувањето на медиумите и притисокот на јавноста, смета претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Иако имаат законска можност, ниеден пратеник не го користи правото на беспатен превоз со воз.

Според Комисијата, 23 пратеници со сопствени или станови на потесно семејство користеле надомест на патни трошоци.

ДКСК смета дека треба да се усогласат законските и подзаконските прописи за да се намали овој трошок на Собранието.

Пратениците кои не се од Скопје имаат право на надомест за закуп на стан од 400 евра и 100 евра за режиски трошоци. Само три пратеници користеле ова право до 2017 година, а од тогаш го користат 15 пратеници. Пратениците имаат право на надомест на закупнина ако немаат сопствен стан од најмалку 80 метри квадратни.

извор: мета.мк