23/04/2024
Охрид

За Прочка во Велгошти ќе се одржи традиционалниот маскенбал „Емшири 2020“

По повод големиот верски празник Велики Поклади (Прочка), традиционално и оваа година во с. Велгошти на ден 01.03.2020 (недела) ќе се одржи маскенбал “Емшири 2020”.

Маскенбалот кој ќе се одржи на спортското игралиште во Велгошти, е закажан да започне во 11:00 часот.

За оваа пригода М.З Велгошти обезбеди награди за поголемите и симболични пакетчиња за малите емширчиња.