20/04/2024
Охрид

За прв пат во Охрид одржана трка со Дедомразовци

Како дел од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ и новиот начин на прослава на Новата година и празниците во Охрид, денес за прв пат се одржа трка со Дедо мразовци. Стартот на трката започна од кејот пред хотелот City Palace, а целта беше на градскиот плоштад, каде во посебно уредената дрвена куќичка се доделија наградите.

Најбрзиот Дедо Мраз на првата трка на Дедомразовци во Охрид, беше Христијан Јованоски, добитник на награда таблет. Второпласиран беше Дејан Ангелоски, добитник на мобилен телефон, додека третопласиран беше Јован Јованоски кои освои ваучер вечера за двајца.

Организаторите најавија дека ваква трка ќе се организира и наредната година, со цел Охрид да добие што поубава понуда, да се привлечат што повеќе гости на охридската ривиера.

WebOhrid