24/04/2024
Охрид

Забрана за паркирање на дел од улица „Македонски Просветители“

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од 18.04.2022 година (понеделник), се забранува паркирање и запирање на паркинг просторот на улица „Македонски Просветители“ од пресекот со улица „Димитар Влахов“ до пресекот со улица „Даме Груев“,  поради изведување на градежни работи.

Исто така се упатува молба до сите пешаци за зголемена претпазливост.

Останатите делови од улицата и околните улици ќе функционираат согласно веќе воспоставениот режим на сообраќај.


WebOhrid / 15.04.2022 / Општина Охрид