12/05/2026
Струга

Забраната за користење вода во Струга и околината останува на сила

Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ – Струга информира дека забраната за користење вода во градот и околните населени места продолжува да важи.

Од претпријатието наведуваат дека мерката ќе остане во сила сè додека не се добие официјално известување од Институтот за јавно здравје – Охрид, кој треба да ја потврди безбедноста на водата за употреба.

Граѓаните ќе бидат навремено информирани за сите промени. Од ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга упатуваат благодарност за разбирањето и апелираат на почитување на забраната.