28/03/2024
Охрид

Забрането движење во Националниот парк Галичица за Велигденските празници

Во врска со заклучоците од Четиринаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија, оддржана на 13 април 2020 година, а во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирусот COVID-19, Јавната Установа Национален Парк Галичица (ЈУНПГ) им соопштува на граѓаните дека:

1. Се забранува движење и групирање на излетничките места, местата за рекреација во Паркот како и во шумите на истот.

2. Се забранува движењето во викенд населби во периодот на забраната и посебен режим на движење за престојните Велигденски празници.

3. Шумочуварската служба на Паркот во соработка со Министерството за Внатрешни Работи ќе ги интезивира контролите на овие места.

4. Шумочуварската служба ќе ја зголеми контролата на влезовите на паркот и за влез со возила како и влезовите за пешачките и велосипедските патеки.

Со овие мерки кои ќе ги спроведе ЈУНПГ, а кои произлегуваат како задолжение од Владата на Република Северна Македонија во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирусот COVID-19, придонесува за намалување на опасноста од ширење на истиот.

Затоа ЈУНПГ ги повикува сите граѓани во Охрид и во државата да се придржуваат кон сите мерки донесени од Владата за што побргу да се совлада ова зло.

*СЕДИ ДОМА*

*БИДИ ПОЗИТИВЕН, НА КОРОНА НЕГАТИВЕН*