29/03/2024
Македонија

Задолжителен ПЦР тест за патниците од Косово кои транзитираат низ земјава

Комисијата за заразни болести, на утринскиот состанок донесе одлука да се воведе задолжителен ПЦР тестирање за патниците од Косово коишто минуваат низ Република Северна Македонија.

Транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен ПЦР тест непостар од 72 часа.

Предлогот од Комисијата ќе биде доставен до Владата на Република Северна Македонија.