18/04/2024
Македонија

Задушница

Православните христијани денеска празнуваат Задушница, а утре Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден).

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење) итн. Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи.

Во православната црква, празникот Задушница секогаш паѓа во сабота. Тогаш, верниците ги посетуваат гробовите на своите најблиски, таму држат помен и делат храна за душа на умрените. Притоа, во секоја црква се служи литургија за упокоените. Инаку, во црквата постојат два вида задушници: општи и засебни. Засебните задушници се одржуваат од семејствата во спомен на нивните упокоени роднини, а општите задушници ги назначува црквата, грижејќи се за сите свои упокоени верници. Така, секоја сабота, црквата во своите молитви се обраќа кон сите светци, сеќавајќи се на сите претходно упокоени верници.

Годинава поради воведената забрана за движење заради пандемијата, посетата на гробиштата е забранета и поменот за починатите треба да се врши во домовите.