21/04/2026
Охрид

Заеднички инспекциски контроли на авто-такси превозниците во Охрид

Овластени инспектори од Одделението за инспекциски надзор при општина Охрид и Управата за јавни приходи, со асистенција на СВР Охрид, денеска спроведоа теренски контроли на охридските авто-такси превозници.

Во текот на инспекцискиот надзор, констатирани се прекршоци на законските одредби кај три 3 комбиња и 7 такси возила, при што се изречени соодветни санкции за сопствениците.

Ваквите заеднички контроли ќе продолжат и во текот на наредниот период со цел да се поодбрат услугите во авто-такси превозот во Охрид.


WebOhrid / 01.08.2025 / Општина Охрид