24/04/2024
Македонија

Заев: Да направи секој што може за регионалната соработка, со тоа и за перспективите кон ЕУ и НАТО

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, даде изјава за медиумите во рамки на работната посета во Будва, за регионалната Економска конференција на Црна Гора 2017, во којашто оцени дека како ќе се придвижуваат работите во регионалната соработка и перспективите во интеграциите, зависи од државите во регионот.

„Со конкретни, практични дела да покажеме дека сме подготвени за пристапување кон ЕУ и НАТО“, рече премиерот Заев.

Тој тука ги наведе како очекувања растот на БДП, отворање нови работни места, преквалификување работна сила.

На новинарското прашање за посочените истраги за злоупотреби кај двајца функционери од власта и за кои дела, премиерот Заев рече дека справувањето со корупцијата е важно прашање и за самите држави во регионот и за нивните ЕУ интеграции.

„Новата Влада ги обелоденува работите, се охрабруваат граѓаните да пријавуваат, нашиот став е секоја индикација за истрага да ја процесираме, можам само да кажам дека се работи за период август претходната година, за другото ќе кажат истражните органи“, одговори премиерот Заев.

Во врска со тоа колку е реално очекувањето за отворање на најавената авиолинија Скопје – Подгорица – Сараево, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, рече дека верува дека брзо ќе биде обезбедена авиолинија.

„Се работи за проценки на база на пазарни механизми, затоа ги повикавме сите заинтересирани компании, ако треба како држави нешто ќе субвенционирање. Да направиме сите што можеме да ги унапредиме соработките меѓу нашите држави“, рече меѓу другото премиерот Заев во изјавата за медиумите.

https://www.youtube.com/watch?v=HP8UL0G_tbE