24/04/2024
Македонија

Заев: Ја докажав мојата невиност и дочекав правда

Изјава за медиуми,Зоран Заев, претседател на СДСМ

Почитувани, претставници на медиумите, почитувани граѓани,

Веројатно како за секој граѓанин при изрекување на пресуда, така и за мене, трауматичен е моментот, но среќен сум заради тоа што добив ослободителна пресуда. Среќен сум заради тоа што конечно ја докажав мојата невиност и тоа што дочекав правда. Му го посакувам тоа на секој граѓанин во Република Македонија, при независно судство во транспарентни постапки, како што беше оваа мојата за предметот Поткуп, затоа што само така Република Македонија може да биде нормална земја. Секако, ќе го чекаме сега и правото на жалба на Обвинителството доколку го искористат, но впрочем преку транспарентноста на целосната постапка се виде и целиот процес во својата суштина и во целото свое битие.

Јас искрено, очекував пресудата да биде ослободителна, поради тоа што во доказната постапка ги докажавме сите работи, се случи преквалификација на предметот и тоа беше логично очекување, но сепак е судска одлука, ја почувствував таа траума како и секој и среќен сум што дочекав правда.