18/04/2024
Македонија

Заев: Повторно се обединивме, 30 партии застануваат зад Пендаровски, зеаднички кандидат за претседател на сите граѓани

Обраќање, Зоран Заев, претседател на СДСМ

Почитувани граѓани,

Се обединивме повторно! Сите, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби Бошњаци и сите други!

За прв пат во македонската историја различните застануваат зад еден кандидат.

Застануваме ситепозади Стево Пендаровски, натпартиски, европски, граѓански – пријател и претседател на сите и за сите граѓани на Република Северна Македонија!

Стево е човек кој одамна донесе одлука да влече напред, не назад! Ги избра граѓаните!

Изразувам голема благодарност за големината на другитенашикандидатифаворити. Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Никола Димитров и другите кандидати. Големи луѓе, локомотиви на Владата кои одлучија да одработат во Владата, за реформите, за граѓаните! Одлучија да дадат предност на над партискиот кандидат Стево Пендаровски!

Почитувани граѓани,

Да живее нашето заедништво, да живее нашето заедничко општество, да живее Северна Македонија со својот иден претседател Стево Пендаровски! Претседател којшто ќе биде претседател на сите граѓани подеднакво во нашата земја Република Северна Македонија.

Нека ни е со среќа.