28/03/2024
Македонија

Заев со честитки за Св.Кирил и Методиј и Рамазан Бајрам

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во свое лично име и од името на СДСМ упати честитка до граѓаните по повод 24 мај – денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.

„Со своето големо дело Светите браќа им го отворија патот на словенските народи, кон описменување, го поставија темелот на писменоста со што дадоа голем цивилизациски придонес.

Поради нивниот придонес, обединувачки пораки и мисии, ги славиме денеска ние, но, се слават и ширум светот, а веќе се дел од европското културно и духовно наследство.

Со нивната успешна борба за признавање на словенското писмо и јазик, Св.Кирил и Методиј го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик, помогнаа за културно и духовно прогледување на многу народи ширум светот.

Во чест на  Светите Кирил и Методиј стотици милиони луѓе ширум светот пишуваат на писмо именувано како кирилица, за чие ширење е најзаслужен нивниот најпознат ученик, Свети Климент Охридски, основоположникот на Охридската книжевна школа.

Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.“ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

…….

Почитувани граѓани, многу ценети верници од Исламска вероисповед,

Празникот на Фитер Бајрам како еден од најзначајните датуми во Исламскиот календар, го означува крајот на светиот месец Рамазан. Духот и патот на верникот е тесно поврзан со прочистување на душата и мислата преку молитви, храброста да му се спротивставува на злото, насилството, злоупотребата, нарушувањето и уништувањето на чистите вредности.

Во текот на овој месец, поминавте низ големи искушенија и предизвици оставајќи ги на страна сите лични потребни и суети, со цел приближување и восвишување кон семоќниот Господ. Иако годинава месецот Рамазан беше проследен преку бројни мерки и рестрикции како резултат на глобалната пандемија на Коронавирусот, вие пак достоиствено издрживте и ја исполнивте оваа годишна обврска која што во Исламот е една од главните столбови на верата.

Како значајни политички чинители во општеството, водиме грижа и преземаме максимална одговорност кон зачувување на здравјето, достоинството и благосостојбата на сите наши граѓани. Преку воспоставување на професионалност, независност и демократизација на државните институции, нашата земја заедно со вас со сиурни чекори ги реализира своите аспирации и определби кон европското семејство, каде што припаѓаме.

Почитувани сограѓани, верници од Исламската вероисповед, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како и во мое лично име Ви го честитам големиот празник Фитер Бајрам. Ви посакувам овие празнични денови да ги поминете со вашите најблиски и најсакани, во мир, лубов, спокојство и меѓусебно разбирање!“ – стои во честитката.