20/04/2024
Струга

Загина пешак на патот Струга-Ќафасан

На 21.12.2020 во 20.55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струга-Ќафасан, патничко моторно возило удрило во пешакот Н.Н.(52) од Струга. По незгодата, возилото го напуштило местото на настанот, а пешакот бил пренесен во Медицинскиот центар Струга, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.