23/04/2024
Македонија

Загина тракторист во Кичево

На 17.03.2018 година околу 19:30 часот било пријавено дека во Кичево на локалниот пат кон с.Папрадиште В.Ш.(22) од с.Попојани, управувајќи трактор со приколка во која било лицето Н.Ш. (41) изгубил контрола над истиот и се превртел, по што Н.Ш. скокнал од приколката, а В.Ш. бил нагмчен од тракторот и починал на самото место. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.