Заклучоци и препораки од Кризниот штаб на Општина Охрид

Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржа состанок на кој зедоа учество сите постојани членови како и раководителите на дел од секторите во општинската администрација. На состанокот беа донесени следните заклучоци:

  • Според податоците на надлежните здравствени институции, до денес во Охрид има регистрирано 410 активни случаи кои се позитивни на корона вирусот КОВИД 19. Во Општата болница во Охрид се згрижени вкупно 94 пациенти од кои 24 пациенти се на кислородна поддршка. Поради зголемениот прилив на заразени на кои им е потребен болнички третаман веќе е направена реорганизација по повеќе болнички одделенија.
  • Поради константното зголемување на бројот на новозарзени, зголемена е потребата од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти. Во тек е подготовка на план за искористување на расположливите капацитети, медицински персонал и медицинска опрема од останатите здравствени институции на подрачјето на општината.
  • Се презeмаат сите потребни активности од страна на надлежните служби во Општина Охрид за спроведување на сите потребни активности за подготовка на теренот во болничкиот комплекс за поставување на модуларната болница.
  • Во текот на наредните денови ќе се рагледа можноста за организирање на мобилни здравствени тимови кои ќе може да пружаат здравствен третман во домашни услови на заболени кои имаат полесна клиничка слика.
  • Ќе продолжат редовните активности за дезинфекција на јавните површини во Општина Охрид.
  • Се упатува апел до сите компании, институции и граѓани максимално да ги почитуваат мерките за превенција и заштита од вирусот да се носат заштитни маски, да се одржува потребна дистанца, да се одржува лична хигиена и да се врши дезинфекција.