Заладување кон крајот на неделата

Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и позастапени во западните делови од земјава. Повеќе врнежи ќе има во четврток претпладне кога во овие делови локално се очекува да наврнат над 25л/м2, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. До петок ќе дува умерен југоисточен ветер. Кон крајот на неделава ќе настапи позначително заладување.