25/04/2024
Македонија

Заменик министерот Нухиу на меѓународна конференција „Треин бреин софт“ во Скопје

За Министерството за внатрешни работи е од голема важност постојаната стручна и професионална надградба на дејноста – приватно обезбедување, исто како што е нужен нашиот постојан контакт, размена на искуства, стручна соработка, рече заменик министерот д-р Агим Нухиу на отварањето на меѓународната конференција „Треин бреин софт“ во Скопје во организација на Комората за приватно обезбедување.

-Важноста на темата на оваа конференција уште повеќе добива на значење, пред се во доменот на професионалната надградба и едукација на луѓето вработени во приватното обезбедување, во нивното стручно оспособување и подготвување за задачите што треба да ги остваруваат. Немам дилема дека на конференцијата ќе бидат презентирани мноштво интересни согледувања и искуства во овој сегмент кои што ќе најдат своја примена во секојдневното работење на правните субјекти овде во Република Македонија. Згора на тоа фактот што “зад“ оваа тематска конференција со која всушност се завршува реализацијата на поширок двегодишен едукативен процес стои програмата Ерасмус на Европската унија, во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, дополнително говори, како за потребата, така и за квалитетот на пренесеното знаење и практики– рече Нухиу во своето обраќање.