24/04/2024
Македонија

Заменик министерот Нухиу на средба со заменик министерот на албанската полиција Јулијан Хода

Заменик министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу вчера во Тирана, Република Албанија, имаше работна средба со неговиот ресорен колега, заменик министерот на албанската полиција Јулијан Ходај.

Целта на средбата беше запознавањето и презентацијата на искуствата на албанското министерство за внатрешни работи околу спроведување на т.н Закон за ветинг, (проверка на професионалното минато на полициските службеници).