20/04/2024
Македонија

Заменик министерот Нухиу во работна посета на бугарското министерство за внатрешни работи

Вчера и завчера (29/30.05) заменик министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу беше во работна посета на бугарското министерство за внатрешни работи, а во рамки на продолжување на досегашната добра соработка меѓу двете институции, особено во областите на борбата против тероризмот, организираниот криминал и корупцијата.

Заменик министерот Нухиу беше пример од неговиот бугарски колега заменик министерот за внатрешни работи Красимир Ципов, и во текот на посетата беа остварени повеќе работни средби со претставници на разни организациони единици при бугарското МВР. Притоа беа отворени повеќе теми од заеднички интерес како во поглед на законодавството во областа на борбата против тероризмот и мерките и политиките за борбата против корупцијата, така и во поглед на нормативната внатрешно институционална корупција. Двајцата земеници министри констатираа дека досегашната меѓуинституционална соработка е на високо ниво, и дека постои простор за нејзино натамошно интензивирање.