Записник од 43 седница на Советот на општина Охрид

Четириесет и третата редовна седница на Советот на општината се одржа преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација со почеток во 11:30 часот

На седницата присуствуваа 23 советници, Градоначалникот на општина Охрид д-р Константин Георгиески и претставници на стручните служби во локалната самоуправа и претставници на медиумите.

Претседателот на Советот Живка Ангелоска – Со оглед дека е присутно мнозинството од вкупниот број членови на Советот, задоволени се законските претпоставки за одржување на седницата.

Претседателот на Советот Живка Ангелоска отвори расправа за записникот од 42-та седница. Бидејќи никој немаше забелешки, записникот беше ставен на поименично гласање.

З А П И С Н И К ОД 43-ТА РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД