Запленета марихуана, приведен дилер од Валандово

Секторот за внатрешни работи Струмица – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Валандово, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе кривична пријава протов Д.П.(47) од село Брајковци, валандовско, поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено во член 215 став 1 од КЗ на РМ.

На 30.12.2018 година со Наредба за претрес на домот и помошните простории од страна на судија на претходна постапка извршен е претрес кај пријавениот. При извршениот претрес во домот и помошните простории кај пријавениот, пронајдени се едно пластично буре, осум картонски кутии и две книжни вреќи со марихуана. Со потврда за привремено одземени предмети пронајдените предмети се одземени, пријавениот е лишен од слобода и задржан во просториите на ПС од ОН Гевгелија. По извршено вештачење констатирано е дека се работи за марихуана со нето тежина од 7,6 килограми.

По наредба на судија на претходна постапка на пријавениот му е одреден притвор во траење од 30 дена.