25/04/2024
Македонија

Запленета марихуана во Тетово, приведени двајца дилери

На 22.08.2019 околу 17.00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблици, управувано од А.Д.(21), а во кое како сопатник бил и Ш.П.(27), двајцата од Дебар.

При нивен и преглед на возилото, зад возачкото седиште и во багажникот биле пронајдени три вреќи со марихуана со вкупна тежина од околу 20 килограми, кои биле одземени и дадени на вештачење.

Двете лица биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, во текот на денот, со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.