18/04/2024
МакедонијаСтруга

Запленети петарди во продавница во струшко Мороишта

На 29.12.2017 година од страна на инспектори при Надворешната канцеларија за недозволена трговија со дрога и оружје –Струга била извршена контрола во с.Мороишта – Струга во продавницата за прехрана „Лазароски Компани“, сопственост на В. Л. (1962) од истото село, при што пронајдени биле 7377 парчиња пиротехнички средства – петарди.

Петардите се одземени, а В.Л. бил приведен во полициската станица од општа надлежност-Струга за понатамошна постапка.