25/04/2024
МакедонијаОхрид

Започна 85-часовниот полициски час во земјава

Започна досега најдолгиот полициски час (забрана за движење) во историјата на нашата земја, од 16:00 часот денес, петок (17.04.2020) па се до 05:00 часот во вторник (21.04.2020) кој ќе трае цели 85 часа.

За време на претстојниот викенд, за христијанскиот празник Велигден, на сила ќе биде забраната и посебниот режим на движење на територијата на целата држава, а СВР Охрид ќе врши интензивни контроли на сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, во викенд населбите, како и на верските храмови.

Се апелира граѓаните строго да ги почитуваат одлуките на Владата за забрана за движење, како и совесно и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19).

Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

WebOhrid