Започна чистењето на наталожениот материјал во коритото на реката Црн Дрим во Струга

Започна чистењето на наталожениот материјал во коритото на реката Црн Дрим во Струга. Портите на испустот се целосно затворени, а механизацијата веќе прави пристапен терен за понатамошната работа. Чистењето ќе ја подобри пропусната моќ на коритото, а ќе се зголеми и капацитеот за собирање на атмосферските води.

Овој проект е финансиран од Европската унија, а го спроведува УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Вкупната должина на делот кој ќе се чисти е 765 метри. Активностите од оваа фаза се очекува да завршат до крајот на октомври.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid