24/04/2024
Охрид

Започна исплатата на субвенциите за набавка на клима уреди

Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2021 година, а врз основа на претходно објавен повик, Општина Охрид  започна со исплата на   1 154 000  денари на 84  домаќинства  од Охрид    за субвенционирање  при  набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред.  Според планираното општината  им надоместува  дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%,  но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Со ваквиот проект  локалната власт настојува да  ги стимулира жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на посовремени уреди  за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.  Домаќинствата на кои им беа доделени субвенциите мораа да ги исполнат сите услови предвидени во јавниот повик што за таа намена беше објавен во месец март годинава.