Започна изградбата на спортската сала во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ започна изградбата на спортска сала, која се гради како дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука, а во соработка со Локалната самоуправа.    

Спортската сала е  со големина од 650 м2  и комплетно опремена со потребните спортски реквизити, а динамиката за нејзина изградба ќе зависи и од временските услови.

Како составен дел на истиот проект предвидена е замена на постојната покривна конструкција на училиштето,како и замена на дотраената дрвена дограма со нова.Овие градежни активности ќе бидат реализирани до почетокот на учебната 2019/2020 година.