16/04/2024
Спорт

Започна Лигата во футсал за основни училишта од Охрид

Денес во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти започна Лигата во футсал за основни училишта за дечиња од VI и VII одделение под мотото „Играј за живот – избери спорт“.

Постигнати беа следните резултати:

ОУ „Христо Узунов“  2:1  ОУ „Ванчо Николески“

ОУ „Кочо Рацин“  2:1  ОУ „Св.Наум Охридски“ – Пештани

ОУ „Братство-Единство“  0:2  ОУ „Григор Прличев“

ОУ „Живко Чинго“ Велгоши и ОУ „Св.Климент Охридски“ ќе играат следната недела.

Инаку, второто коло од футсал лигата ќе се одигра во Спортската сала „Хексагон“ – Охрид во четврток 08.11.2018. Покрај футсал ќе се игра и пинг-понг во машка и женска конкуренција.

WebOhrid