Започна реализацијата на годишната Програма за организирање на јавни работи во Дебрца

Светскиот ден на животната средина 5-ти јуни во општина Дебрца се поклопи со отпочнување на реализацијата на годишната Програма за организирање на јавни работи.

Jавните работи ќе се организираат за одржување на јавната инфраструктура и одржување и заштита за животната средина и природата (одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита, канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта, подобрување на условите за живеење и други работи).

Со програмата работно се ангажирани 10 долгорочно eвидентирани невработени лица, за период од 5 месеци.

За потребите на јавните работи набавени се машини, хтз опрема и алати (моторна коса тример, моторна пила телескопска, машина за сечење на асфалт, моторна пумпа за наводнување и одводнување, апарат за заварување, брусалици, градинарски и друг алат), а ќе биде ангажирана и механизација.