Започна реконструкцијата на улицата „Прва Македонска ударна бригада“

Денеска започнаа градежните активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до Стобекс во должина од 750 метри.

Предходно беа извршени подготвителни работи за преместување на дистрибутивната ниско напонска мрежа за пренос на електрична енергија и замена на постоечките дрвени столбови со нови бетонски.

Проектот за реконструкција на оваа улица е дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште и за оваа намена од буџетот на општина Охрид се издвоени 12.952.424 денари.

Изведувач на работите е АД „Илинден“ од Струга.