16/04/2024
Охрид

Започна шестата меѓународна конференција за Културно наследство, локален економски развој, туризам и медиуми

Денес во Куќата на Уранија, започна шестата меѓународна конференција за Културно наследство, локален економски развој, туризам и медиуми – “Водици – Охрид 2018“. Дводневната научна конференција, годинава е посветена на темата – “Дијаспората, транснационализмот, транскултурализмот и интер – културните комуникации како нов општествен капитал“.

Присутните ги поздрави градоначалникот Јован Стојаноски,кој изрази уверување дека, научните согледувања и дебати, ќе придонесат во креирањето на стратегиите на Општина Охрид во областа на туризмот и заштитата на културното наследство.

Упатуваме посебна благодарност до шеесетината учесници од 14 земји, како и организаторите, Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија и партнерите Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје, Селџук Универзитетот од Конија од Република Турција , организацијата „Мираз“ од Баку, Република Азербејџан и Институтот од Козсег, Република Унгарија. Уверени сме дека преку излагањата од истражувањата и сознанијата од повеќе научни области, на интердисциплинарен начин ќе ни оставите вреден материјал кој директно или индиректно е поврзан со минатото, сегашноста и иднината на Охрид“– истакна во своето обраќање градоначалникот Стојаноски.

Годинава во работата на конференцијата учествуваат шеесетина научници од 14 земји, а трудовите ќе бидат објавени во посебен зборник.