29/03/2024
Охрид

Започна со работа Канцеларијата на пратениците Пецаков и Петкоска за средба со граѓани

Од денеска 12 март започнува со работа Канцеларијата за средба со граѓаните на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Охрид во зградата на стариот објект на Градскиот пазар.

„Во таа Канцеларија ќе остваруваме средба со граѓаните на Охрид каде што сите тие ќе можат да дадат свои предлози и идеи како за подобро да биде во нашиот град со тоа што ние дали директно преку амандмани или предлози ќе можеме сите нивни идеи да ги имплементираме во периодот којшто следи.

Во Канцеларијата ќе работи и асистент пет дена во неделата ќе може да закажува средби и истите понатаму да се реализираат заедно со пратениците каде што граѓаните ќе може директно да ни се обратат и нормално да ги реализираме сите работи заедно.“ – изјави Кирил Пецаков, пратеник во Собранието на Република Македонија.

„Ве повикуваме за посета на нашата пратеничка канцеларија која ќе биде отворена пет дена во неделата со цел заеднички да предлагаме предлози и идеи и да влијаеме врз подобрување на законските решенија. Со вашите барања, предлози и идеи ние ќе бидеме подобри пратеници, а истовремено нема да дозволуваме законските решенија да доцнат или да се движиме во непосакуван правец.“ – изјави Лидија Петкоска, пратеник во Собранието на Република Македонија.