09/12/2024
Охрид

Започнаа акцииите за чистење на Охрид во пресрет на туристичката сезона

Општинската администрација заедно со јавните претпријатија  утрово чистеше  на делови од подрачјето на општина Охрид.  Се чистеше  плажата од Горица III до Детското одморалиште, магистралниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот до населбата Св. Стефан, скалите и Спомен паркот на револуцијата, како и поширокиот потег на улицата „Јордан Мијалков“, потегот од улица „Никола Карев“ до Булевар „Туристичка“, како и делот од реката Грашница до хотел „Мизо“ и целиот простор околу ОУ „Св. Климент Охридски“.

Во пресрет на главната туристичка сезона, Охрид ќе се чисти и наредниов период.

Во текот на месец мај ќе започнат и активностите во рамките на проектот „Еко Галичица 2018“. Ќе се лоцираат дивите депонии околу населените места на Галичица, затоа што на овој потег состојбата на ова поле е загрижувачка. Кон средината на овој месец предвидени се планинарски и велосипедски ЕКО Патроли по означени патеки низ Галичица, по што ќе се пристапи кон чистење на истите, се` со цел да се пречекаат подготвени љубителите на планините и авантуристичкиот туризам, кој е во сериозен подем во последно време.

Како заокружување на акциите, а во насока на подигнување на свеста, особено кај најмладите, за значењето на чистата околина, во организација на Супер радио ќе се одржи голема акција за чистење „Мој Охрид, чист Охрид“ на почетокот на месец јуни. Носечка сила на оваа акција ќе бидат учениците од сите охридски основни и средни училишта, кои ќе спроведат акција за комплетно чистење на централниот дел на градот, со акцент на плажите, кои се најпосетени во текот на летните месеци. Во акцијата ќе учествуваат и граѓаните на Охрид.