Започнаа празнувањата во чест на Христо Узунов

Делегација на Општина Охрид, предводена од в.д. градоначалник, Константин Георгиески, денес присуствуваше во ОУ “Христо Узунов“, каде со историски час и полагање на свежо цвеќе пред бистата на револуционерот, започна годинашното одбележување на 114 годишнината од херојската погибија на охридскиот револуционер.

На свеченоста беа прогласени и најдобрите ликовни и литературни творби од учениците, на интерниот конкурс од училиштето.

Централната прослава по повод патронатот на училиштето ќе се одржи вечерва со почеток во 19 часот во НУ Центар за култура “Григор Прличев“.

This slideshow requires JavaScript.