25/04/2024
Спорт

Започнаа училишните спортски натпревари „Играј за живот – избери спорт“

Во организација на Сојузот за училишен спорт – Охрид и Локалната самоуправа – Охрид, започнаа општинските натпревари во рамките на училишната спортска лига за основни и средни училишта сезона 2018/19 година есенски дел под мотото „ИГРАЈ ЗА ЖИВОТ ИЗБЕРИ СПОРТ“. Во периодот од 22 до 26.10.2018 година се одиграа општински натпревари во футсал машки и одбојка во машка и женска конкуренција за основни училишта како и средни училишта во футсал, кошарка, одбојка и ракомет.

Постигнати резултати за основни училишта :

Во футсал машки победи ОУ „Св.Климент Охридски“ Охрид

Во одбојка машки победи ОУ „Ванчо Николески“ Лескоец Охрид

Во одбојка женски победи ОУ „Братство Единство“ Охрид

Постигнати резултати за средни училишта :

Во кошарка женски победи ОСУ „Св.Климент Охридски“ Охрид

Во кошарка машки победи ОУТС „Ванчо Питошески“ Охрид

Во футсал машки победи ОУТС „Ванчо Питошески“ Охрид

Во одбојка женски победи ОСУ „Св.Климент Охридски“ Охрид

Во ракомет женски победи ОСУ „Св.Климент Охридски“ Охрид

Во ракомет машки победи ОСУ „Св.Климент Охридски“ Охрид

Победниците од овие натпревари ќе ја претставуваат општина Охрид на зонски натпревари во следниот период.

Училишната спорска лига за основни училишта продолжува следната недела во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти.