19/04/2024
Охрид

Започнува четвртата уметничка колонија во Трпејца

Од денеска до понеделник во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ во Трпејца ќе се одржи четвртото издание на Уметничката колонија која и во време на Ковид-19 ќе го задржи интернационалниот карактер.

Инспирани од овој неверојатно убав крај во наредните четири денови сликарските платни ќе ги обојат: Наташа Попоска – Карче, Хава Реџепи, Елена Ѓурѓиноска и Ѓоко Симјаноски уметници од Охрид и Петрит Лараку од Поградец, Албанија.

Традиционално, уметниците ќе творат во просториите на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со учениците и мештаните.

Уметничката колонија е под покровителство на Општина Охрид.