29/03/2024
Македонија

Започнува полагањето на лекторскиот испит по македонски јазик, пријавување од 1 до 10 мај

Советот за македонски јазик и Министерството за култура на Република Македонија ја известуваат јавноста дека сите заинтересирани за полагање на испитот за добивање лекторска лиценца по македонски јазик ќе може да се пријават за полагање на испитот од 1 до 10 мај 2018 година…

Барањето за полагање на испитот за добивање лекторска лиценца по македонски јазик може да се преземе на следната врска:

http://kultura.gov.mk/images/stories/2015/Pravilnik_2.pdf

Потребната документација и деталите за начинот на пријавување и полагање може да се пронајдат на следната врска на страницата на Министерството за култура: http://kultura.gov.mk/index.php/legislativa/2011-03-04-10-39-27/3734-podzakonski-akti-koi-proizleguvaat-od-zakonot-za-upotrebata-na-makedonskiot-jazij

Заинтересираните треба да ги достават барањето за полагање испит за добивање лекторска лиценца и потребните документи преку архивата на Министерството за култура, најдоцна до 10 мај 2018 година.   

Полагањето на испитот ќе се одвива на крајот на месец мај 2018, за што јавноста и кандидатите ќе бидат дополнително известени.

Министерството за култура и Советот за македонски јазик во изминатите неколку месеци спроведоа повеќе акции, со кои започна практичното спроведување на измените на Законот за употреба на македонскиот јазик што беа усвоени во Собранието на РМ на крајот на 2017-та година а стапија во сила на почетокот на оваа година. Со измените и дополнувањата на Законот, по четири години застој, се разреши проблемот и се откочи постапката за полагање на лекторскиот испит што беше оневозможена со досегашната регулатива за начинот на полагање донесена во 2013 година, а лекторска лиценца оттогаш нема добиено ниту еден лектор.