25/04/2024
Охрид

Започнува пријавувањето за годинешната „Охридска софра 2019“

На 27.07.2019 (сабота) во сeлото Скребатно ќе се одржи овогодинешното издание на Mанифестацијата „Охридска Софра 2019” каде што на гостите и посетителите ќе им биде презентирано богатството на охридската традиционална храна, пијалоци и други етнолошки вредности, како дел од туристичка понуда на Охридскиот регион.

Манифестацијата претставува промотивен настан за презентација на традиционален рецепт за подготовка на познатото охридско ѓомлезе, а истовремено и одлична можност за промоција на туризмот во руралните средини.

Овој настан ќе има натпреварувачки карактер и за таа цел е обезбеден вкупен награден фонд од 20.000 денари за трите најдобро подготвени ѓомлезиња. Првата награда е во вредност од 10.000 денари, втората награда е 7.000 денари, а третата награда изнесува 3.000 денари.

За таа цел сите заинтересирани учесници коишто сакаат да бидат дел од манифестацијата, ги покануваме да се пријават во просториите на Oпштина Охрид – Сектор за туризам и локален економски развој или на телефон 046/ 262- 492/493 локал 123 најдоцна до 19.07.2019 (петок).