23/04/2024
Македонија

Започнува спроведувањето на серијата „Отворени денови за иницијативи на граѓанските организации“

Денеска ќе се одржи првиот од серијата Отворени денови за иницијативи на граѓански организации: „Практики на соработка меѓу Владата и граѓанските организации – како да се подобриме?“

На првиот Отворен ден насловен „Практики на соработка меѓу Владата и граѓанските организации – како да се подобриме?“ ќе се дискутираат постоечките добри практики и механизми за соработка меѓу Владата и граѓанските организации, а во дискусијата ќе учествуваат Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и претседателката на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Фани Каранфилова – Пановска.

Агенда на настанот.