Запознавање на збратимените градови со Еразмус проект
Еразмус проект ,,Europe: We are the colors of the rainbow” 2024-ES-KA210-SCH-E684DA4A овојпат не однесе во покраината Карабук во регионот на Црното Море во Турција. Покрај Истанбул, како и самиот Карабук и Ескипазар, го откривме Сафранболу, град збратимен со Охрид, некогашно средиште за одгледување на шафран. Шафранот уште се нарекува и “црвено злато” бидејќи е најскапиот зачин во светот, а токму во оваа област во Турција се добива најквалитетниот.
Сафранболу бил додаден на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1994 година поради неговите добро сочувани куќи и архитектура од отоманската ера, кои неодоливо потсетуваат на Охрид.
Во овој проект за културното наследство покрај Македонија, учествуваат Шпанија, Италија, Грција и Турција, а во богатата програма учество зедоа ученички од втора година, Ања Гуџоска, Елеонора Јосифоска и Јована Шутароска, во придружба на психолог Алберта Гулицовска и проф. Михаил Патчев. Покрај активности од музичката и ликовната уметност- традиционалната турска музика, запознавање со ебру техниката на сликање на вода, го посетивме важниот археолошки локалитет, античкиот Хадрианополис, пештери и кањони на областа, како и ранч каде младите можеа да се испробаат во јавање коњи.