19/04/2024
Охрид

Заштитете го водомерот од мрзнење!

МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ ги известува сите корисници дека поради ниските температури постои можност за разни дефекти на водомерите предизвикани од мрзнење.

Поради тоа потребно е истите да се заштитат како би избегнале дополнителни трошоци за санација кои се наплаќаат од стрaна на претпријатието.

Заштитата се врши со обвивање на водомерот со изолационен покров и покривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропор).