Затекнати шест малолетници по полноќ во објект во Охрид
На 04.05.2025 година во 00:40 часот, при контроли извршени во угостителски објекти, полициски службеници од СВР Охрид, во еден објект лоциран на плоштадот „Св.Климент Охридски“ затекнале шест малолетни лица.
Против правниот субјект и одговорното лице, кои овозможиле присуство на малолетници во угостителски објект по 24 часот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
WebOhrid / 04.05.2025 / СВР Охрид
