19/04/2024
Македонија

Затворен угостителски објект во Гостивар, приведен сопственикот

Вчеравечер (18.09.2021) во 21.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.Е.(49) од гостиварско Чајле, во чиј угостителски објект на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар биле затекнати гости без сертификат за вакцинација.

Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат, а против С.Е. ќе биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.