26/04/2024
Охрид

Затворена за сообраќај новоизградената улица низ касарната поради закажани концерти

Поради закажани концерти на просторот на поранешната касарна во Охрид, во периодот од 28.07.2021 до 03.08.2021 година, за сообраќај на моторни возила ќе биде затворена новоизградената улица што поминува низ касарната.

СВР Охрид, за време на концертите на кои се очекува поголем број на посетители, ќе спроведува безбедносни мерки со цел спречување на нарушувања на јавниот ред и мир или други казнени дела. Во таа насока, остварени се контакти со надлежните организатори на овие настани и дадени се јасни насоки за нивно целосно придржување до предвидените обврски.

Воедно, СВР Охрид апелира до граѓаните, во деновите на продолжениот викенд кога во Охрид се очекува зголемен број на туристи, да ги почитуваат насоките и укажувањата на полициските службеници со цел задржување на поволната безбедносна состојба во јавниот ред и мир и во сообраќајот.