29/03/2024
Македонија

Затворени угостителски објекти поради непочитување на мерките на Владата

Државниот пазарен инспекторат со асистенција на Единицата за интервентна полиција денеска постапуваа на подрачјето на скопската општина Чаир поради непочитување на мерките на Владата на РСМ за справување со Ковид 19. Од страна на ДПИ затворен е еден хотел и една чајџилница и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, а контролите продолжуваат со интензивно темпо.